Пет најспектакуларни роботи измислени во 2018 година

од desk2
115 прегледи

Изминатата година беше прилично плодна кога станува збор за технологијата, но во текот на 2018 година беа претставени и некои сериозно морничави роботи кои се неверојатно софостицирании слични на луѓето. Ова се петте најспектакуларни роботи кои се измислени во ИТ лаборатории ширум светот во 2018 година.

Atlas

Роботската инженерска компанија со долгогодишна традиција Boston Dynamics не одушеви сите со откривањето на можностите на нивниот најнов модел на робот. Во октомври беше претставен роботот Atlas , кој може да прескокнува скалила и пречки без намалување на брзината, да трча по нерамни површини, да се дигне веднаш откако е соборен, да скока и да се движи наназад.

https://www.youtube.com/watch?v=NKsGomhczoo

CIMON

CIMON (кратенка од Crew Interactive MObile companioN” е новиот робот кој чини 6 милиони долари. Роботот изгледа како пластична топка со големина на кошаркарска топка, а е дизајниран да ја подобри ефикасноста на персоналот и да го подигне моралот при долгите вселенски мисии.

Robo-twerk роботот кој танцува

Роботот со облик на куче кој беше претставен рано минатата година и има способност да отвора врата неодамна се појави во помодерна верзија, која може и да игра.

https://www.youtube.com/watch?v=S-nBmWI_Pro

Хуманоиден робот Kengoro

Минатата година се запознавме и со најновиот модел на хуманоидниот робот Kengoro, кој го создадоа научници од Универзитетот Токио. Има 174 зглобови, го придвижуваат 116 мотори и има систем за ладење кој потсетува на човечкото потење, а може да ги направи речиси сите движења како еден човек.

ANYmal

Лабораторија од Цирих неодамна претстави сопствена верзија на робот куче кое може да отвори врата. Го нарекоа ANYmal и може да повика лифт, да отвори врата и да го собере ѓубрето.