Пет тинејџерки завршија во болница откако излетале со „порше“ во Аеродром

од Nikola Popovski

Пет тинејџерки се повредени во тешка сообраќајка што се случила во скопската населба Аеродром, информираат од МВР. Несреќата се случила во неделата наутро, 25 минути после 3 часот.

-Денеска (26.11.2023) во 03.25 часот било пријавено дека во Скопје на крстосница од ул.„Симеон Кавракиров“ и ул.„Венијамин Мачуковски“ патничко моторно возило „порше“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ц.(19) од Скопје, излетало од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Ц. и сопатничката С.П.(18), а со телесни повреди се здобиле уште три сопатнички Ј.М.(18), Е.Б.(18) и АМ.К.(18) сите од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, соопшти скопската полиција.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Слични содржини