Петровска: Над 2.000 лица се во изолација и самоизолација

од Aleksandar Todeski

Дополнителната заменик министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска во емисијата „Црвена линија“ на Телма посочи за два дена, има над 2.000 лица кои се во самоизолација и изолација.

„Во периодот од 17 до 18 март, на територијата на целата држава нови решенија за изолација се изречени вкупно 116, а изјави за самоизолација се потпишани 1089 што заедно претставува голема бројка и ако се додадат претходно потпишаните изјави за самоизолација како и решенија се добива некоја бројка од над 2000 лица“, вели Петровска.

Таа нагласи и дека министерството има важна улога во гарантирањето на јавниот ред и мир на нивото на цела држава, но и дека во овој период, полицијата добро се справила со предизвиците.

Слични содржини