Петрушевски: 50 разбојништва во Скопје и 3.500 кривични настани низ Македонија за два месеци

од Vladimir Zorba

„Поминаа 60 дена откако Оливер Спасовски беше реизбран за министер за внатрешни работи, а овие 60 дена криминалот буквално метастазираше. Впрочем како што и претходните 4 години мандат на Спасовски во МВР царуваше криминалот, така, па и уште полошо, продолжи во овие 60 дена“, соопштија денеска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ако мислевме дека видовме се од неспособноста на Спасовски до сега, од делење на 215 пасоши на белосветски криминалци, до фаќање на полициски началник со дрога од страна на американската ДЕА, сега во овие 60 дена гледаме дека Спасовски може и полошо“, додаваат оттаму.

Слични содржини