Петтиот најбогат човек во светот ужива во големиот празник

од Vladimir Zorba
75 прегледи

Ќерката на Марк Цукерберг наполни 1 година

Ќерката на Марк Цукерберг и неговата сопруга Присила Чан Макс наполни 1 година. Коосновачот на Facebook кој денес поседува 50.1 милијарди долари, што му  ја придава петтата позиција меѓу најбогатите луѓе во светот, објави семејна фотографија од роденденот на ќерка си.
Цукерберг исто така изјави дека добил специјален подарок, бидејќи Макс го бакнал во образ за прв пат.
 Непосредно пред  една година Цукерберг и Присила Чан напишаа писмо до новородената ќерка, во кое ја известуваат дека планираат да донираат 99% од парите  за добротворни цели.

Токму тоа е и причината во последните месеци Цукерберг да продава акции од социјалната мрежа. Парите, по плаќањето на соодветните даноци се насочени кон фондациите на семејството Цукерберг Chan Zuckerberg Foundation and CZI Holdings LLC.

Милијардерот ќе продолжи да го  намалува уделот на Facebook и во следните месеци и години, бидејќи неговите планови предвидуваат да донира по 1 милијарда долари секоја година барем до 2018 година