Пица од стар леб: Готова за 20 минути

од Stefanija Kuzmanovska

Состојки:

1 леб,
150 мл млеко,
150 мл кисела вода,
4 лажици кечап,
200 гр шунка,
2 свежи колбаси,
1/2 црвена пиперка,
200 гр кашкавал,
1 лажичка оригано,
1 лажичка сув зачин,
10 маслинки без семки.

Подготовка:

Лебот исечкајте го на коцки дебели колку прст. Извадете ја внатрешноста на колбасот и пропржете ја на малку масло. Измешајте го млекото со кисела вода, па половина од оваа смеса истурете ја во тавче подмачкана со масло и наредете ги кришките леб.

Посипете со остатокот од млекото и водата, па оставете го да отстои неколку минути додека лебот малку да омекне. Измешајте кечап со оригано и суви зачини, па премачкајте го врз лебот.

Измешајте ја сечканата шунка, пржената колбасица, пиперката исечкан на коцки и маслинките и прелијте ги преку лебот.

Одозгора ставете рендан кашкавал.

Печете на 180 степени додека кашкавалот не се растопи и порумени.

Слични содржини