Пипа Мидлтон се претставувала под лажно име: Се криела во мракот

Пипа Мидлтон, сестра на војвотката Кејт Мидлтон, многу пати се нашла во ситуација да ја следат папараци. За да го сокрие својор идентитет, таа повикала такси под лажно име, пишува IB Times.

Пипа не се возела далеку, но кога се јавила во такси компанијата се претставила како својата братучедка Луси Мидлтон. Меѓутоа, нејзиниот лик ја открил. На возачот не му требало долго да открие за кого всушност станува збор.

Таксистот приказната ја раскажал за британските медиуми. Тој вели дека Пипа се јавила да провери каде е, а кога дошол по неа, таа се криела во мрачен влез.

– Порача такси за Луси Мидлтон и ме бараше, прашуваше дали сум пристигнал бидејки се криеше во мрачен влез. Подоцна го „изгуглав“ името Луси Мидлтон и најдов фотографија со Пипа и сфатив дека всушност таа беше во таксито – рекол возачот.

Инаку, Луси е братучетка на Пипа и Кејт, кој исто така е и кума на третото дете на Кејт, принцот Луис.

Слични содржини