Пјаниќ: Никој не го сака Јуве за ривал во Лигата на шампионите

од Vladimir Zorba

Моторот во средината на теренот на италијанскиот хегемон Јувентус – Миралем Пјаниќ, изјави дека сите тимови сакаат да ги избегнат „бјанконерите“ на утрешната ждрепка за 1/4-финалето на Лигата на шампиони.

Тимот од Торино се пласираа меѓу осумте најдобри екипи во првенството по голема драма во судирите со Тотенхем (4:3 вкупен резултат), а таму се уште актуелниот првак Реал Мадрид, Барселона, Севиља, Манчестер Сити, Ливерпул и Баерн Минхен.

„Претпоставувам дека другите сакаат да нè избегнат, особено ако тие го виделе она што го постигнавме во последниве години“, изјави Пјаниќ за „Премиер Спорт“.

„Рома? Зошто не? Ги поздравувам дека ќе присуствуваат на ждребот. Ние ќе се подготвиме за најдобар можен начин и сакаме да дојдеме до крајот. Близу сме, но патот уште е долг“, додаде босанскиот репрезентативец.

Пјаниќ и Меди Бенатиа се казнети за првиот натпревар од 1/4-финалето поради акумулирани жолти картони.

Слични содржини