Планот на Џинпинг за анексија на Сибир тропа на вратата на Кремљ

од Vladimir Zorba

Сè што излезе во јавноста од посетата на Ши Џинпинг на Москва се многу фотографии, со кои руската пропаганда сака да покаже дека Путин ја има поддршката од ѕвездата во подем на светската геополитичка сцена, Кина… и толку.

Она што се премолчува, а станува сè појасно, е дека Путин ја претвори својата земја во огромна бензинска пумпа за неговиот источен сосед, конвертор на фосилни горива за Кина.

Првата посета на Џинпинг е претставена така да го одразува навидум „неограниченото“ пријателство меѓу двете земји како рамноправни партнери во градењето на ревизионистички поредок во светот во однос на САД и Западот.

Но, реалноста е сосема поинаква. Ши Џинпинг има јасно артикулиран поглед на стратешкиот подем на Кина, а побарувањата од Русија нема да завршат тука.

Како што пишува Метју Хендрсон за Телеграф, долго дебатираниот договор за „Моќта на Сибир 2“ (ПОС2) – огромен проект за гасовод за транспорт на гас од Западен Сибир до Кина преку Монголија – стана симбол на едностраните и малку навредливи односи меѓу Кина и Русија од самиот почеток на војната во Украина. Тоа не е добра вест за Москва.

Целиот материјал на следниот линк!

Слични содржини