ПО 17 ГОДИНИ ПОВТОРНО заљубени: Фатени како разменуваат нежности во јавноста! (ФОТО)

од Берта Китинска

Иако на многумина им беше тешко да поверуваат дека ја обновиле својата врска, поранешните свршеници, Џенифер Лопез и актерот Бен Афлек, на секоја нова фотографија, се повеќе ја потврдуваат таа информација.

Дека вреди втората шанса, покажуваат идиличните фотографии на вљубениот пар кој доживува вистинска идила на продолжениот викенд во одморалиштето Хамптонс на американскиот источен брег.

Ниту Џенифер ниту Бен сеуште не проговориле за врската, но бројни странски медиуми шпекулираат дека врската е сериозна и дека парот наскоро би можел да биде пред олтарот.

Потсетуваме дека по ненадејното раскинување на Џнифер и Бен пред 17 години, тие двајцата се венчаа и во меѓувреме се разведоа од други партнери. Сепак, во последните години, од сите поранешни девојки и свршеници, Бен особено ја споменуваше Џенифер, фалејќи го нејзиниот изглед и успех во кариерата, како и нивната врска од нејзината младост.

Фото: Profimedia

Слични содржини