По германска министерка фрлаа со јајца за време на митинг (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

По германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок фрлаа со јајца на предизборен митинг во Вупертал.

Министерката зеде збор за да ја поддржи Мона Нојбауер, кандидатката на Зелените на покраинските избори во Северна Рајна-Вестфалија, кога една жена од публиката започна да фрла со јајца по неа.

Обезбедувањето веднаш излезе на бината да ја одбрани министерката.

Бурбок, кој ги избегнува напади со јајца, мирно го испрати обезбедувањето од сцената и продолжи да со излагањето.

„Можете да фрлате јајца колку сакате“, рече министерката, додавајќи дека не дозволува никој да ја заплаши, а на жената што фрлала и порачала дека има право на свое мислење, но дека начинот не е баш најдобар.

Полицијата денеска соопшти дека против жената која ги фрлила јајцата е поднесена кривична пријава за обид за нанесување телесни повреди.

Слични содржини