По карантинот човештвото на скенер на инфрацрвени камери

од Aleksandar Petrovski

Во светот на пост-короната – поточно по карантинот – инфрацрвените светла може да се користат за да се идентификуваат заразените лица, кои ќе регистрираат треска кај луѓето, бидејќи треската е еден од најчестите симптоми на коронавирус. Ова значи дека ќе започнеме со мерење на температурата многу почесто и насекаде.

Епидемиолозите и експертите веќе препорачуваат температурата да се мери на сите места каде што се собираат голем број на луѓе, особено ако станува збор за затворен простор како што се училишта или канцеларии. „Њујорк Тајмс“ пишува дека властите на бројни градови веќе започнале да набавуваат инфрацрвени камери со надеж дека ќе им помогнат да го следат ширењето на болеста и на крајот евентуално да ја запрат.

Кога пандемијата го имаше својот пик, дури и компании како Амазон започнаа да ја користат оваа технологија за да ги идентификуваат заразените лица кај вработените, а термалните фотоапарати почнаа да се користат и во рестораните и во бродовите за крстарење.

Брзото усвојување на инфрацрвена технологија сигурно го поставува прашањето колку всушност помага и дали камерите и детекторите можат да го запрат ширењето на вирусот додека чекаме на вакцината.

Новинар на Њујорк Тајмс тргнал на турнеја низ Мејплвуд, град во Њу Џерси со една таква камера, кој досега има регистрирано повеќе од 18.000 потврдени и 1.700 смртни случаи. Сепак, овој град полека се отвора.

Тој забележал дека е исклучително важно како се користат камерите. На пример, ако станува збор за маса луѓе кои, да речеме, влегуваат во фабрика, камерите нема да бидат сосем точни кога ќе ги обележат работниците со покачена температура.

Експертите исто така објаснуваат дека е важно колку е лицето одалечено од камерата и дека резултатите се, на крајот, најточни ако една камера се фокусира на една личност. Исто така, важен е фокусот на читање, а фактор кој игра подеднакво важна улога е фактот дека не сите луѓе имаат иста телесна температура дури и кога се здрави.

Температурата на телото не само што зависи од возраста, полот, диетата и физичката активност, туку и промените кај едно лице во текот на денот.

Покрај техничките проблеми, употребата на инфрацрвена технологија, исто така, се однесува на проблемите со приватноста. Експертите за граѓански слободи предупредуваат дека податоците за вработените се собираат и користат без нивна дозвола. Предложени се закони за заштита на приватноста и во овие случаи, но во Америка законодавниот процес е заглавен во Конгресот.

Некои дури истакнуваат дека употребата на инфрацрвена технологија треба да се нарече со неговото вистинско име – можеби е спроведена со добри намери, но тоа претставува понатамошна нормализација на фотоапаратите и надзорот и би било наивно да се мисли дека камерите ќе се користат исклучиво за мерење температура.

Ситуацијата може дополнително да се искомплицира со тоа што камерите предизвикуваат паника; ајде да замислиме како би реагирале учениците на едно училиште доколку некој влегол во училницата кај кој се запалил алармот кога тој поминувал под камерите. Тоа дури и не значи дека нешто не е во ред со неговата телесна температура, но паниката е практично неизбежна.

Камерите може да бидат од одредена помош сè додека конечно не е достапна вакцината за коронавирус, но сè уште има многу нерешени проблеми во врска со нивната употреба и светот дефинитивно ќе се соочи со нив во пост-карантинската фаза доколку камерите нашироко се користат.

Слични содржини