По смртта на десетгодишно девојче во „игра на гушење“, Италија против ТикТок

од Stefanija Kuzmanovska

Јавното обвинителство во Италија започна истрага за смртта на девојче кое учествувало во „играта со гушење“ на ТикТок. Главен обвинет: ТикТок. Смртта на Антонела предизвика бес ширум Италија.

Доколку ТикТок не може со сигурност да ја потврди возраста на своите корисници, мора да ги блокира најдоцна до 15 февруари 2021 година. Ова е најновата одлука на Канцеларијата за заштита на податоците во Рим.

ТикТок пропишува минимална возраст од 13 години за своите корисници, но компанијата не спречи 10-годишно девојче да направи налог, потенцираат од Канцеларијата. Смртта на десетгодишно девојче од Палермо на Сицилија, кое учествуваше во предизвикот „Blackout Challenge“ на ТикТок, беше откриена само неколку часа пред ова соопштение и одлука. Предизвикот беше: да останете без воздух што е можно подолго.

Малата Антонела се заклучила во бањата во средата (20 јануари) и се снимала на телефон додека го затегнуваше појасот од бањарката околу вратот. Нејзината петгодишна сестра ја пронашла во бесознание. Десетгодишното девојче веднаш било пренесено во детската болница „Ди Кристина“, но веќе било доцна. Лекарите се бореле за нејзиниот живот, но по некое време ја констатирале нејзината смрт. Јавното обвинителство во Палермо започна истрага за поттикнување на самоубиство.

Родителите на Антонела за весникот „Ла Република“ навеле дека не знаеле за што станува збор и дека другата сестра на десетгодишното девојче им кажала дека Антонела играла „игра со гушење“.

„Немавме појма за тоа“, изјавил таткото.

Тој претпоставил дека неговата ќерка гледа танцувачки кореографии и други видеа на ТикТок:

„Мојата ќерка, мојата мала Антонела почина од опасна игра на ТикТок: како да се справам со тоа?“.

Слични содржини