По стапките на мајка ѝ: Ќерката на Моника Белучи на насловната страница на познато модно списание

од Nikola Popovski

Дева Касел, шеснаесетгодишната ќерка на Моника Белучи и Винсент Касел, се појави на насловната страница на француското издание на списанието „Elle“.

Познатата актерка не крие колку е горда на својата ќерка, па затоа насловната страница на која e Дева, ja објавиla на својот Инстаграм профил.

„Уште една убава насловна оваа недела за мојата Девa“, напиша Моника под фотографијата.

„Убава, исто како нејзината мајка“, „Исти сте“, „Убава девојка“, „Каква мајка, таква ќерка“, „Совршена“, се само дел од коментарите што следуваа потоа.

Многумина предвидуваат дека Дева ќе има успешна манекенска кариера, а славното дизајнерско дуо „Долче и Габана“ ја прогласи за своја муза.

Да потсетиме, Моника Белучи од бракот со францускиот актер Винсент Касел има две ќерки – шеснаесетгодишната Дева и пет години помладата Леони.

Слични содржини