Победник на американски натпревар изел 62 виршли за 10 минути

од Stefanija Kuzmanovska

Актуелниот шампион на годишниот натпревар за јадење виршли во Америка на 4 јули, Џои Честнат, вчера ја одбрани титулата, достигнувајќи ја својата 16-та победа во кариерата јадејќи 62 виршли за 10 минути, пренесува „Ројтерс“.

Според „Ројтерс“, се чини дека доцнењето поради грмотевици за време на познатото натпреварување на Кони Ајленд во Њујорк не го вознемирило Честнат (39).

Второ место во машка конкуренција беше Џеф Еспи, кој успеа да изеде 49 виршли.

Честнат не го постигна својот светски рекорд од 76 виршли во 2021 година, но рече дека планира да го доведе своето тело до нови граници во иднина.

Претходно во текот на денот Мики Судо по деветти пат победи во женска конкуренција откако изеде 39 и пол виршли за 10 минути. Таа го постави светскиот рекорд за жени во 2020 година, со 48,5 виршли.

Традиционален 10-минутен натпревар, карневалскиот спектакл емитуван на ESPN започна во 1980 година кога двајца победници успеаја да изедат по девет виршли. За споредба, сегашниот победник Честнат обично јаде девет виршли за помалку од една минута.

Слични содржини