Победниците на Евровизија ќе го продадат трофејот за да соберат пари за Украина

од Stefanija Kuzmanovska

Овогодинешните победници на Евровизија од Украина планираат турнеја низ Европа за да соберат пари за украинската армија, која повеќе од 80 дена се бори со руските сили кои ја нападнаа земјата, објави бендот.

Водачот на оркестарот Калуш, Олех Псиук, на прес-конференција во Лавов изјави дека бендот наскоро на Инстаграм ќе објави кои места ќе ги посетат на турнејата.

„На секој настап ќе собираме пари за потребите на армијата“, рече тој.

Псиук рече дека се надева оти Украина ќе биде домаќин на натпреварот за песна на Евровизија следната година и им се заблагодари на бранителите на челичарницата Азовстал во Мариупол за храброста со која толку долго му се спротивставуваа на рускиот агресор.

Победниците на Евровизија, украинскиот „Калуш оркестар“ објави во вторникот дека ќе го продадат трофејот за да соберат пари за својата земја.

Оркестарот Калуш победи на Евровизија во саботата со песната „Стефанија“ која е спој на рап и традиционална народна музика.

Слични содржини