Почина актерот Дејвид Гејл: Тој го играше свршеникот на Бренда во серијата Беверли Хилс

од Radmila Tasevska

Актерот Дејвид Гејл почина на 58-годишна возраст, потврди во неделата на Инстаграм неговата сестра Кејти Колменарес. Причината за смртта е непозната, пренесе Стандард лајф.

– Речиси немаше ниту еден ден во мојот живот кога не беше покрај мене, секогаш мој придружник, секогаш мојот најдобар пријател подготвен да се соочи со сè и секого со мене – напиша Кејти и додаде дека секој ден ќе го чува во своето срце.

Гејл го толкуваше д-р Џо Сканлон во повеќе од 200 епизоди на Порт Чарлс, спин-оф на серијата „Општа болница“ (General Hospital). Покрај тоа, тој го глумеше Стјуарт Карсон, свршеникот на Бренда Волш (Шенен Доерти) во серијата „Беверли Хилс 90210“ и Дин Колинс во сапунската опера „Савана“.

Гејл, роден во Тампа, Флорида, е роден во 1965 година. На почетокот на неговата кариера, тој глумеше во „Murder, She Wrote“, „Dr. Doggie Howser“, „Growing Pains“, а во 2002 година се појави во филмот „Bending All the Rules“ со Бредли Купер и Колин Порч.

Слични содржини