Почина мигрант во кумановската болница, бил најден во бессознание на улица

од Nikola Popovski

МВР информира дека мигрант починал во кумановската болница, откако пред една недела бил пронајден во бессознание на улицата „Никола Тесла“ во градот.

-Денеска во 08:25 часот во СВР Куманово било пријавено дека во општа болница Куманово починало лице мигрант, со непознат идентитет. На 9 декември годинава на улицата „Никола Тесла“ во Куманово тој бил пронајден во бессознание и префрлен во општа болница Куманово за понатамошно лекување, соопшти СВР Куманово.

Екипа од СВР Куманово презема мерки за утврдување на идентитетот на починатото лице и расчистување на случајот.

Слични содржини