Почина момчето на Арина Сабаленка

од Симе Стоиков

Момчето на двојната шампионка на Австралија опен, тенисерката Арина Сабаленка, поранешниот хокеар Константин Колцов, почина на 42-годишна возраст.

Смртта на поранешниот професионален спортист е потврдена на Телеграма преку профилот на неговиот поранешен клуб Салават Јулаев Уфа.

„Со голема тага ве известуваме дека почина тренерот на Салават Јулаев Уфа, Константин Колцов“, соопштија од рускиот клуб. Тој беше силна и весела личност, сакан и почитуван од играчите, колегите и навивачите. Тој засекогаш е впишан во историјата на нашиот клуб.

Смртта на момчето на светскиот рекет број два доаѓа само пет години откако таа го загуби својот татко Сергеј по смрт на 43-годишна возраст.

Слични содржини