Почнува најмногу чеканиот настан во областа на науката: Нобеловата недела

од Vladimir Zorba
94 прегледи

Носителот или носителите за физика ќе бидат објавени на 4 октомвриnobel

Со прогласувањето на Нобеловата награда за физиологија или медицина денеска во Стокхолм почнува Нобеловата недела, соопшти сајтот nobelprize.org. Носителот или носителите на Нобеловата награда за физика ќе бидат објавени на 4 октомври, за хемија – на 5 октомври, за мир – на 7 октомври, за економија – на 10 октомври, а за литература – на 13 октомври.По желба на Алфред Нобел ( 1833 -1896) наградите го носат неговото име, и се за најважните откритија во областа на физиката, хемијата, физиологијата или медицината, за извонреден книжевни остварувања, за активности во интерес на светскиот мир.

Се  доделуваат од комисии,  од шведската кралска академија на науките – за физика и хемија; од Каролинскиот медицинско-хируршки институт во Стокхолм – за физиологија или медицина; од Шведската академија за литература – за литература. Петчлен комитет, избран од норвешкиот парламент ја доделува наградата за зајакнување на мирот.

Во 1968 година е воспоставена и наградата за економски науки, финансирана од шведската национална банка.

Првата Нобелова награда е доделена во Сен Тропе во 1901 година – пет години по смртта на Алфред Нобел.

Церемонии во Стокхолм и Осло, на кои наградените добиваат награди, традиционално се закажани на 10 декември, на годишнината од смртта на Нобел.Секоја награда може да биде доделена најмногу на тројца номинирани. Таа се состои од златен медал, диплома и парична сума. Од 2012 година поради финансиската криза монетарната нејзината еквивалентност е намалена за 20 проценти до осум милиони шведски круни или 830 000 евра.