„Подготвени сме да ги преземеме нашите обврски“,Заев очекува Бугарија да продолжи да и биде наш партнер и поддржувач

од Берта Китинска

 

Премиерот Зоран Заев очекува Бугарија да продолжи да биде наш пријател и поддржувач во процесот на евроинтеграција согласно Договорот за добрососедство, пријателство и соработка.

– Ние сме подготвени да ги преземеме заемно како две страни нашите обврски. Впрочем, голем дел и ги преземаме непишано – борбата против говорот на омраза да ја таргетираат двете министерства за надворешни работи, но и самите институции реагираат кога се сквернават споменици, кога се валка национално знаме на која било од двете земји итн. Ги преземаме дејствијата заради тоа што пријателите тоа го прават. Но, пред нас имаме и патоказ на којшто треба да работиме, а тоа е унапредување на институционалната соработка, инфраструктураната поврзаност меѓу двете земји,  меѓусебното помагање и размена на искуство на сите наши идни перспективи. Спремни сме преку дипломатска нота да дефинираме дека краткото име е исто со долгото име на државата, односно дека Северна Македонија е исто што и Република Северна Македонија, дека немаме територијални претензии, изјави Заев.

Слични содржини