Подигнато обвинение против актерот Алек Болдвин за убиство од небрежност

од Stefanija Kuzmanovska

Обвинителката на првата судска област на Ново Мексико, Мери Кармак-Алтви, денеска поднесе обвинение за убиство од небрежност против холивудскиот актер Алек Болдвин за пукањето на сетот на филмот „Rust“, во кој беше убиена снимателката Халина Хачинс.

И Хана Гутиерез Рид, која беше задолжена за оружјето за време на снимањето, исто така беше обвинета и за убиство од небрежност.

Помошникот директор Дејвид Холс склучил договор за признавање на вината во кој признал невнимание при употребата на оружје, се вели во соопштението на обвинителката.

Слични содржини