Погоден главниот град на Нагорно Карабах: Азербејџан употребува турски ракетни системи (видео)

од Nikola Popovski

Претставникот на Министерството за одбрана на Ерменија, Аркрун Ованисјан ги обвини азербејџанските сили за употреба на турските ракетни системи „Каисгра“ во нападите врз главниот град на Нагорно Карабах.

Покрај нив, се користат и системите „Смерч“ и „Полонез“ во гранатирањето на Степанакерт, додалтој.

Претходно, портпаролката на Министерството за одбрана на Ерменија, Шушан Степанјан, објавила дека борбите на линијата за разграничување на Нагорно Карабах продолжиле и денес.

Според неа, борбите траеле во текот на целата претходна ноќ и со различен интензитет.

Од друга страна, Министерството за надворешни работи на Ерменија тврди дека силите на Нагорно Карабах ќе продолжат да даваат соодветен одговор се додека Азербејџан не престане да провоцира и извршува агресија врз тој регион со помош на Турција и други терористички милитанти.

Тие исто така наведуваат дека целта на Азербејџан од самиот почеток на конфликтот била да ги сокрие податоците за нападите врз градовите во Нагорно Карбах, иако биле забележани бројни цивилни жртви и била нанесена значителна материјална штета кога станува збор за цивилна инфраструктура.

Слични содржини