Покрај ковчегот на Елизабета Втора поминале околу 250.000 луѓе

од Stefanija Kuzmanovska

Околу 250.000 ожалостени луѓе поминаа покрај ковчегот на кралицата Елизабета Втора во Вестминстерската сала во Лондон, изјави денеска британската министерка за култура Мишел Донелан.

Таа за радиото Тајмс изјави дека наскоро ќе се знае точниот број на луѓе кои поминале покрај ковчегот на Елизабета Втора, а дека поминале околу 250.000.

Голем број граѓани ѝ оддадоа последна почит на Елизабета Втора во Вестминстерската сала, најстариот дел од зградата на парламентот, чекајќи во долги редици со часови во текот на четири дена.

Кралицата Елизабета Втора почина на 8 септември во Шкотска по 70-годишно владеење.

Слични содржини