Пол Руд ја откри тајната на својот младешки изглед

од Stefanija Kuzmanovska

Со години по култната серија „Пријатели“, на социјалните мрежи една од главните теми е младешкиот изглед на актерот Пол Руд, а многумина тврдат дека тој не се променил многу од раните 2000-ти.

Пол Руд за магазинот Men’s Health ја откри тајната на својот изглед, поради што многумина го нарекуваат „вампир“. Актерот тврди дека изгледа добро затоа што спие минимум осум часа дневно и дека ова е на врвот на листата на работи што ги прави во корист на својот изглед.

„Луѓето ќе постават аларм, ќе спијат четири часа и ќе станат да тренираат. Тие си прават лоша услуга. Ако успеете да спиете осум часа, сте направиле сè“, изјави 54-годишниот актер, кој е прогласен за најзгоден маж во 2021 година од магазинот People.

Актерот стана познат во култната серија „Пријатели“, каде во 18 епизоди го играше Мајк Ханиган, кој на крајот се ожени со Фиби.

Слични содржини