Пол Руд е ѕвездата во новиот кинохит на компанијата Marvel – ” Човекот-мравка “, чија светска премиера е за само неколку дена.4af1ab74bc07fd861314f7934d4bf01b

За оваа своја улога актерот, познат од романтичните комедии “40-годишниот девственик”, “Напумпана” и “Предмет на желба”, се претвора во суперхерој од цртаните филмови.

По тој повод симпатичниот Пол дава интервју за списанието The Hollywood Reporter, а во исто време е и лице на насловната страница на изданието.

Еве што сподели 46-годишната холивудска ѕвезда:

За тоа дали агентите се согласиле лесно тој да стане дел од семејството на Marvel: “Јас не коментирам такви нешта со агентите. Никогаш не сум очекувал да станам дел од светот на Marvel, едноставно затоа што не сум замислувал дека ќе добијам понуда од нив. ”

За тоа дека е препишувано сценариото на филмот: “Кога продискутирав со сценаристот Адам Мекеј за некои работи на сценариото, поминавме доста време разговарајќи за различни можности кои можеа да бидат реализирани. Се чувствувавме  како да кроиме заедно дел на веќе изградена куќа. ”

Фото: outnow.ch

Слични содржини