Политичар тврдел дека лежење во кал штити од корона: И сам влегол, сега е заразен (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski

Индиски политичар кој бил снимен како седи во калта и дува во школка, тврдејќи дека тоа го штити од вирусот корона, бил позитивен на тестот за болеста.

Сукбир Синг Јаунапурија, политичар од северната држава Раџастан, е еден од 24-те членови на парламентот, кои на 4 септември биле позитивни на вирусот корона, објавија локалните медиуми.

Еден месец пред да се разболи, тој објави бизарно видео на Фејсбук во кое се гледа како седи во калливо поле без маица, дува школка, пренесува Дејли мејл.
– Излезете надвор, одете на дожд, седнете во нечистотија, работете на фармата, дувајте во школка и јадете „деси“ работи. Едно лице стекнува имунитет правејќи ги овие работи – рече тогаш.

Деси е индиски израз и значи локален, домороден или чист.

Веста за инфекција на членовите на парламентот дојде во време кога Индија надмина пет милиони потврдени случаи, додавајќи дури 97.894 во средата, објавија властите.

Индија објави повеќе од 83.000 смртни случаи, а дури 1.132 лица починаа меѓу средата и четвртокот.

 

Политичар тврдел дека бањање во кал штити од корона: И сам влегол во кал, сега е заразен

 

Слични содржини