Политички дијалог а ла Мицкоски

од Vladimir Zorba

Мицкоски не го крие својот националшовинизам. Напротив, како што се приближува времето за државнички одлуки на македонските пратеници за европската иднина, така и тој е сè понервозен. Национализмот му е последното прибежиште на секој политичар од неговиот вид. Некритички, како да се огласни табли, поголем дел од медиумите му даваат отворена платформа да го шири својот националшовинизам, а со тоа да ги разгори страстите кај луѓето и да изврши притисок врз пратениците на партијата што ја води.

За што се работи? Премиерот Ковачевски, воедно и лидер на владејачкиот СДСМ, повика на лидерска средба за политичките процеси и иднината на ЕУ интеграцијата. Се подразбира, главното прашање се уставните измени за внесување на бугарското и неколку други малцинства во преамбулата на Уставот. Дотука, тоа е една вообичаена постапка во демократска земја во која политичкиот дијалог е редовна појава. Но само дотука.

Мицкоски ја искористи поканата за политички дијалог за валкан политички маркетинг. Кажа дека прифаќа лидерска средба, но само во четири очи. Националистичкиот драјв на неговата игра се гледа во неговите изјави и коментарите во медиумите и социјалните мрежи во кои главната поента е дека Ковачевски се плаши од средба во четири очи, особено затоа што, наводно, „чека одобрение од Али Ахмети“, лидерот на коалицискиот партнер во власта, ДУИ.

Целата колумна на следниот линк!

Слични содржини