Полицијата деактивираше бомба во парк во центарот на Стокхолм

од Берта Китинска

Шведската полиција деактивираше експлозив во торба пронајдена во неделата доцна навечер во центарот на Стокхолм, изјави денеска полициски портпарол. Експлозивната направа е пронајдена во торба во парк во центарот на Стокхолм каде се одржува годишниот фестивал на културата.

Годинава се организираше од 17 до 21 август.

Од полицијата велат дека истрагата е во тек.

„Полицијата веќе разговараше со сведоци и врши проверка на снимките од безбедносните камери од местото на настанот“, изјави началникот на полицијата во областа Стокхолм, Ерик Акерлунд.

Петдневниот фестивал на културата во Стокхолм заврши на 21 август со концерт на иранскиот поп пејач Еби, чие вистинско име е Ебрахим Хамеди и кој е познат ирански дисидент.

Слични содржини