Полицијата проверува за можно присуство на експлозив во близина на Капитол Хил

од Vladimir Zorba

Американската полиција проверува дали има експлозив во возило во близина на Капитол Хил, седиштето на Конгресот во Вашингтон, објави Си -Ен -Ен.

„Се работи за истрага за закана за бомба“, рече полицијата, додавајќи дека проверува сомнително возило во близина на Конгресната библиотека.

Нема седници на Конгресот оваа недела, но персоналот оди во Капитол Хил.

Засега нема официјална потврда за тој инцидент, но медиумите јавуваат дека полицијата ги повикала граѓаните да ја избегнуваат зоната околу библиотеката, која се наоѓа спроти Конгресот.

Областа Капитол Хил е под строга безбедност од упадот во Конгресот на 6 јануари оваа година. Во тоа време, приврзаниците на поранешниот американски претседател Доналд Трамп се собраа на тоа место.

Слични содржини