Полицијата со солзавец ги растерува демонстрантите против рестрикциите во Германија

од Stefanija Kuzmanovska

Полициските вооружени сили денеска употребија солзавец против учесниците на протестот во Берлин против корона-рестрикциите, во близина на зградата на парламентот, каде што пратениците размислуваат за закон за заострување на федералните мерки против пандемијата, пренесе АФП.

Полицијата претходно преку разглас ги повика илјадниците собрани демонстранти.

Недалеку од зградата Рајстаг каде седи Парламентот, според полициските извештаи, се собрале околу 8.000 демонстранти, а само некои носеле заштитни маски.

Протестите беа организирани во време кога долниот дом на германскиот парламент, Бундестагот, одлучува за закон со кој на сојузната влада ѝ се даваат поголеми овластувања кога станува збор за борба против пандемијата на коронавирус, на сметка на провинциите кои инаку се одговорни за здравството.

Законот треба да дозволи примена на „сопирачката за итни случаи“ во областите каде што коронавирусот се шири пребрзо. Намерата е да се запре спроведувањето на различните мерки донесени од 16 германски сојузни држави како одговор на пандемијата.

Слични содржини