Полицискиот час се враќа на сила

од Берта Китинска
462 прегледи

Денеска на сила се враќа полицискиот час. Забраната за движење останува  според последната одлука ќе почнува во 21:00.

Владата по предлог на Комисијата за заразни болести донесе одлука, да нема полициски час за Велигден односно вчера и за Бајрам ноќта меѓу 12 и 13 мај.

Според здравствените власти олеснувањето на мерките е поради подобрување на епидемиолошката состојба со Ковид-19, намален бил бројот на новозаразени и на пациенти кои имале потреба од хоспитализација.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 152.581, бројката на оздравени пациенти е 133.070, на починати е 4.891, а бројот на активни случаи изнесува 14.620.

Слични содржини