Половина од Грците не го одобруваат Преспанскиот договор со С. Македонија

од Nikola Popovski

51% од Грците веруваат дека Договорот од Преспа со С. Македонија е погрешен потег, а 36,8% го дефинираат како чекор во вистинската насока. Ова го покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата „Абаут Пипл“ за грчкиот информативен портал „Њуз247“,

Во истражувањето за грчката надворешна политика, фокусирано на односите со Турција, од испитаниците било побарано да ги искажат своите ставови за Договорот од Преспа, т.е. без разлика дали е во правилна или погрешна насока, две години по ратификувањето од грчкиот парламент на 25 јануари 2019 година.

Од анкетираните 36,8% кои рекле дека договорот е во вистинска насока, мнозинството од нив, седум од десет лица, гласале за СИРИЗА и 23,4% за Нова демократија на последните избори.

Од оние 51% кои сметаат дека договорот не се одвива според потпишаното, седум од десет или 67,6% на последните избори гласале за Нова демократија, 23,1% за СИРИЗА и 56,9% за друга партија.

Останатите 12,2% од конкретното прашање во врска со Преспанскиот договор ја одбрале опцијата „Не знам / не сакам да одговорам“.

Анкетата е спроведена на 27 и 28 јануари со учество на 928 граѓани, пренесува „бТВ“.

Договорот од Преспа, потпишан во 2018 година, стави крај на 25-годишниот спор меѓу Атина и Скопје околу името на Македонија и требаше да ги реши сите чувствителни прашања меѓу двете земји. Договорот во Грција доведе до владина криза, а премиерот на СИРИЗА, Алексис Ципрас доби големи критики.

Слични содржини