Помилувани околу 22.000 демонстранти во Иран

од Stefanija Kuzmanovska

Шефот на иранското правосудство Голамхосеин Мохсени Ејеџи денеска изјави дека околу 22.000 лица кои беа уапсени за време на повеќемесечните протести против иранската влада се помилувани, пренесе иранската новинска агенција ИРНА.

Антивладините протести започнаа низ Иран во септември, по смртта на младата Иранка Махса Амини во полициски притвор. Во масовните демонстрации имаше и жртви.

Врховниот водач на Иран, Али Хамнеи, ги помилува првите демонстранти во февруари.

Слични содржини