Помпео од Дубровник: САД уште повеќе ќе се вклучат на Балканот

од Nikola Popovski

Државниот секретар на САД, Мајк Помепо, денес изјавил дека САД ќе бидат повеќе дипломатски вклучени на Балканот.

Во тој контекст, тој напоменал што е направено кога станува збор за Белград и Приштина.

„Има уште многу да се направи. Тоа е процес, но направивме добар прв чекор. Ќе продолжиме да се ангажираме на сериозен начин“, изјавил Помпео во Дубровник, одговарајќи на новинарско прашање за потпишувањето на економскиот договор во Вашингтон и ситуацијата во регионот.

Тој додал дека Соединетите држави ќе продолжат да се ангажираат на Балканот, се вели во соопштението на Стејт департментот од прес-конференцијата што ја одржал Помпео во Дубровник по средбата со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.

Слични содржини