Поплави во Далмација: Евакуиран дел од населението (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Поројниот дожд денеска предизвика поплави во делови од Далмација, а најтешко е погодена општината Дицмо, меѓу Сплит и Сињ, каде што е евакуиран дел од населението.

Големи количества вода се излеа од околните ридови и планини и поплави патишта и полиња, но и некои куќи во Дицмо, јавува ХРТ.

Во одбраната на куќите покрај пожарникари и надлежни служби учествуваат и волонтери.

На терен биле доставени 1.500 вреќи со песок.

Слични содржини