ПОПЛАВИ ВО КИНА: Херои спасија жена од сигурна смрт

од Stefanija Kuzmanovska

Ужасните поплави направија хаос во областа Женгжу, во централна Кина, од каде продолжуваат да пристигнуваат драматични снимки.

Досега е потврдено дека има 12 жртви, но се стравува дека ќе има повеќе.

Сепак, дури и во оваа катаклизма многу луѓе се покажаа херои.

Така, група луѓе успеале да спасат една жена од сигурна смрт.

Додека силен порој ја носеше и додека едвај се бореше да ја задржи главата над водата, таа некако успеа да го фати јажето фрлено кон неа од нејзините спасувачи.

Со заеднички сили, тие ја извлекоа на сигурно.

Слични содржини