Попович: Не треба да измислуваме топла вода, се подобруваме

од Nikola Popovski

Американските кошаркари ја совладаа Шпанија со 83:76 на подготвителниот натпревар пред Олимписките игри во Токио.

Иако Шпанија водеше и имаше плус од десет поени, Американците го свртеа натпреварот,  благодарејќи на Кевин Дурент, Дамијан Лилард и Келдон Џонсон.

После победата, селекторот на САД, Грег Попович, рече:

– Секојдневно сме подобри. Не треба да измислуваме топла вода, тоа е последното што треба да го направиме со овој тим, смета искусен тренер.

Најефикасен беше Демијан Лилард со 19 поени со 11 асистенции, Џонсон додаде 15, а Дурент 14 поени, додека Шпанците беа предводени од Рики Рубио со 23 поени.

Репрезентацијата на САД е во групата со Франција, Иран и Чешка на Олимписките игри, додека Шпанија е во групата со Аргентина, Јапонија и Словенија.

Слични содржини