Попризова: Бесплатна психолошка помош за сите жртви, ќе направиме мрежа на поддршка

По актуелизирањето на темата за „Јавна соба“, откако извесна Ана вчера јавно и се обрати на јавноста и потенцираше низ каква голгота минала, како жртва на напади, повици и пораки, се огласија многумина кои и пружија поддршка, но и поттикнаа храброст кај сите.

Меѓу нив е и психологот, Ана Попризова, која уште синоќа се огласи на својот фејсбук профил и понуди помош за сите жртви на ова злодело.

„По ова што се покажува од содржините во Јавна соба, сакам да ги информирам сите жртви средношколки дека можат да ми се обратат за психолошка помош.
Ќе направиме мрежа на поддршка!
Ве молам споделете“, стои во фејсбук објавата на Д-р. Попризова.

Слични содржини