Попризова: Децата немаат добра релација со семејтвата, партнерите и пријателите

Во своето гостување во „Топ тема“, Ана Попризова се осврна на децата и нивниот разговор во врска со сеопфатното сексуално образование.

„Кога се прават реформи и се создаваат нови програми, мора да се земе предвид возраста пред да се случи имплементација на истото. Ние мораме да ги отвораме темите за превенција. Јас сум практичар и можам да споделам дека секојдневно имам случаи за незаштитен сексуален однос. Оттаму во повеќето случаи, децата немаат добра релација со семејствата, партнерите, пријателите итн. Ваквите теми во секоја стручна служба се случуваат. Исто така, ова е значајно како за родителите така и за јавноста, бидејќи разговор и дебата им се потребни на децата“, истакна Попризова.

Слични содржини