Поради нов предизвик на „ТикТок“ 11-годишно момче се бори за живот

од Stefanija Kuzmanovska

Нов бизарен тренд се појави на социјалната мрежа ТикТок, каде тинејџерите користат мали магнети што ги ставаат на нивните јазици за да изгледаат како да имаат пирсинг.

Предупредувањата до родителите доаѓаа од различни страни, бидејќи две момчиња на возраст од 11 и 13 години завршија на операција, откако проголтаа магнет, а едното од нив се уште е во критична состојба.

Единаесетгодишното момче Елис Трип од Велика Британија е во критична состојба откако случајно проголтал пет мали магнетни топчиња додека го пробувал новиот тренд на ТикТок. Операцијата траела дури шест часа, најпрво лекарите помислиле дека има проблем со слепото црево.

Дека станува збор за магнет, тие сфатиле за време на прегледот кога топчињата се залепиле на хируршката опрема поради магнетизам. Тој бил пренесен во детската болница во Бимрингем, каде имал две големи операции, а му биле извадени дури пет сантиметри од цревата.

Лекарите рекоа дека тој е петтото дете што дошло во болница во последната недела поради магнетните топчиња во неговото тело.

Слични содржини