Поради тоа што Бекам ѝ го направи на Викторија во јавност, сите му порачаа дека е „палав“ (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Дејвид и Викторија Бекам важат за еден од најхармоничните парови во светот на славните, а љубовта често ја искажуваат во јавноста и на социјалните мрежи.

Тие двајца се голема поддршка еден на друг, и се појавуваат заедно речиси секаде, а така беше и сега.

Имено, Викторија и Дејвид пристигнале на ревија на познат дизајнер, а папараците ги фотографирале во чамецот со кој патувале.

Стајлингот на сопругата на поранешниот фудбалер веднаш го забележале сите, а таа носеше едноставен пудра розов фустан, а изгледот го комплетираше со интересни долги сини чизми.

Меѓутоа, моментот кој никој не го пропушти беше кога Дејвид ја стави раката на задникот на сопругата, со насмевка на лицето. Многумина му порачаа дека е „стар шмекер“, „палав“ и дека е очигледно дека „страста меѓу нив не го изгубила својот интензитет со годините“.

Слични содржини