Поради врнежи од снег забрана за тешки товарни возила преку превојот Стража

од Radmila Tasevska

Авто мото сојузот на Македонија вечерва соопшти дека поради врнежи од снег на патниот правец Гостивар-Кичево од 22:15 часот е воведена забрана за тешки товарни возила.

– Поради врнежи од снег од превентивни причини на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража од 22:15 часот се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила, се наведува во соопштението.

Слични содржини