Порака по повод Богојавление од Митрополитот Г. Петар: Не отстапуваме од традицијата и затоа во храмовите извршивме осветување на Богојавленската вода, верниците може да земаат од таа вода и да ја однесат во своите домови

Сметано дека кога Христос се родил е денот кога Бог се јавил, до третиот век, големите христијански празници Божиќ и Богојавление-Водици, се празнувале во ист ден, а веќе подоцна овие два празници се празнуваат на два различни датуми.

За првпат, Водици како традиција, поради Ковид пандемијата, не се фрла крстот во осветените води, токму поради забраната која гарантира заштита и безбедност од коронавирусот, односно забраната за масовни собири и групиирања, посочи преспанско-пелагонскиот, како и администратор на австралиско новозеландски, Г. Петар.

„Мора да водиме сметка и грижа за здравјето на сите и затоа годинава на Водици не се врши полагање на Светиот крст во реки, базени или езерски води во нашата епархија. Но, не отстапуваме од традицијата и затоа во храмовите извршивме осветување на Богојавленската вода, верниците може да земаат од таа вода и да ја однесат во своите домови“, истакна митрополитот г. Петар по завршувањето на богослужбата Златоустова Литургија во соборниот храм „Свети Великомаченик Димитриј“ во Битола.

Слични содржини