Поранешниот сопруг на Кортни Кокс: Плачев после сексот со друга жена

од Stefanija Kuzmanovska

Актерот Дејвид Аркет, поранешниот сопруг на Кортни Кокс, призна дека плачел по првиот секс со друга жена, кој следел по разводот со ѕвездата на серијата „Пријатели“, со која помина 11 години во брак.

Нивниот брак траеше од 1999 до 2010 година, а годишнината од разводот се навршува оваа недела. Во интервју дадено од 49-годишниот Аркет кратко по разводот, тој открил дека се распаднал, борејќи се да ја заборави интимноста што ја споделувал со неговата поранешна сопруга. Во разговор со радио водителот Хауард Стерн, тој раскажал дека обидот да води љубов со друга за него било целосно „нова работа“ во тоа време.

„После првата девојка со која спиев… неколку дена подоцна… плачев. Тоа беше крај на целата блискост што ја делев со сопругата. Тоа беше нешто ново. Како се претходно да сум ставил настрана“, беше искрен Аркет.

Иако Кортни Кокс и Дејвид Аркет објавија дека се разведуваат во 2010 година, нивниот развод беше финализиран дури во 2013 година, а самата вест за крајот на нивниот брак предизвика шок во светот на шоу-бизнисот. Поранешните сопружници од тој момент тргнаа по одделни патишта, но останаа во пријателски односи, пред се поради нивната сега веќе 16-годишна ќерка Коко.

Слични содржини