Поранешниот сопруг на Моника Белучи на ревија со новата сопруга, разликата во години никогаш поочигледна (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Јавноста не може да му „прости“ на Винсент Касел за неговиот развод со Моника Белучи, а кога ја замени Моника со 31 година помладата Тина Кунаки, почнаа озборувањата.

Затоа внимателно се следи секое негово појавување во јавноста со сопругата. Така беше и овој пат кога модната куќа Jacquemus го организираше претставувањето на новата колекција. На настанот пристигнаа и Винсент и неговата сопруга, а јавноста не можеше да одолее да забележи дека разликата во годините никогаш не била поочигледна.

Младата Тина дојде во креација на споменатата модна куќа во која изгледаше како прекрасно фламинго. Во розова боја, украсена со пердуви, Тина го покажа своето извајано тело, додека нејзиниот сопруг цело време стоеше покрај неа и посесивно ја гушкаше.

Од друга страна, Винсент се појави облечен во фармерки, темно сина кошула и црна маица.

Двојката е во брак од 2018 година и ја има ќерката Амазонија.

Слични содржини