Porsche ќе ја претстави Turbo GT верзијата на Taycan за 11 март

од Vladimir Zorba

На 11 март Porsche ќе ја претстави врвната верзија на целосно електричниот Taycan, кој се очекува да го носи името Turbo GT. Оваа конкретна верзија беше на Нирбургринг и претходно и резултатот е толку добар што Porsche го откри уште пред официјалното претставување на моделот.

Тест-возачот Ларс Керн постигна импресивно време од 7:07,55 минути со него, што е подобрување за 26 секунди во однос на претходниот најдобар круг на болидот.

„Дваесет и шест секунди е половина вечност во мотоспортот. Времето на кругот на Ларс од 7:07,55 минути е сензационално, ставајќи го Taycan во иста лига со електричните хиперавтомобили“, рече Кевин Гиек, шеф на моделската линија.

Тоа е далеку подобро од најдоброто време на неговиот најголем конкурент, Tesla’s Model S Plaid. Најдоброто време на тој американски електричен седан е 7:25,23 минути.

Со овој резултат, Taycan Turbo GT е веднаш зад можеби најимпресивниот електричен хиперавтомобил на пазарот, Rimac Nevera, чие најдобро време забележано на оваа патека е 7:05.298.

Извештаите наведуваат дека Taycan Turbo GT ќе има ревидирана конфигурација на шасијата и нови аеро елементи (како фиксен заден спојлер).

Се очекува и Taycan Turbo GT да добие три електромотори со вкупно 746 kW/1014 КС.

Слични содржини