Porsche најавува нов концепт по повод 75-годишнината од своето постоење

од Vladimir Zorba

Porsche ја слави 60-годишнината од 911, 75-годишнината на брендот и 80-тиот роденден на Волфганг Порше во текот на 2023 година, што значи дека клиентите можат да очекуваат специјални производи за да ги прослават овие јубилеи.

Како дел од прославата на 75-годишнината на марката (моделот 356 Roadster беше прикажан на 8 јуни 1948 година), Porsche подготвува и нов концепт автомобил, но сè уште не ги објавува деталите.

Тизер видеото покажува мистериозен концепт за кој некои шпекулираат дека е целосно електричен.

Porsche не објави кога ќе го открие новиот концепт, но повеќе детали можеме да очекуваме во наредниот период.

Слични содржини