Порталот „Плус инфо“, му се извини на градоначалникот Шилегов

Порталот, „Плус инфо“ по објавена вест, денес упати извинување до градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

„Во име на редакцијата на Плусинфо и во свое лично име, јавно му се извинувам на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

Плусинфо денеска пренесе навредлива изјава на пратеникот Димитар Апасиев  насочена кон Шилегов, со наслов кој не одразува доволна професионална дистанца од кажаното.

Плусинфо и натаму критички ќе ја следи работата на градоначалникот, но не со вакви, од етички аспект  недозволени “фаули”.

Да нема забуна. Градоначалникот Шилегов лично ми се јави да реагира, со право налутен, но ми нагласи дека нема да реагира на ниту еден друг начин.

Плусинфо ќе ја повлече објавата, но сакам да се знае дека ова извинување не е изнудено со притисок од Шилегов или било кого.

Кој работи, тој и греши. А кој ќе згреши, редно е и да се извини“, стои во објавата на порталот.

Слични содржини