Португалија ги оживува заборавените градови

од desk2
114 прегледи

 

Португалската влада покрена иницијатива „Revive“ со која сака да ја поттикне промцијата на помалку познати градови и напуштени историски знаменитости и да им дозволи на приватни угстители да ги водат.

Градот Елвас е во близина со шпанската граница, се наоѓа на 2,5 часа возење од Лисабон, а хотелскиот синџир Vila Gale веќе успеа вилите од 17 век да ги претвори во хотели со 4 ѕвезди.

Дури 33 историски знаменитости се наоѓаат во оваа програма од напуштени тврдини, преку палати и локални градски локалитети.

Повеќето објекти ќе бидат претворени во хотели, ресторани, но и центри за културни активности и случувања.

Веќе се ппотпишани два договори со приватни инвеститори и хотелиери кои ќе вложат пари во оживување заборавени знаменитости, но и ќе придонесат за популарноста на помалку познатите градови во оваа преубава земја.